| |

Бугарија и Германија го зајакнуваат партнерството во образованието и иновациите

Бугарија работи на продлабочување на соработката со Германија во образованието, науката и иновациите, како основа за економија со повисока додадена вредност и поголема конкурентност, изјави премиерот Румен Радев, јавува БТА.

На средбата со претставници на германски истражувачки институти и издавачки куќи биле разгледани можностите за партнерство меѓу универзитети и научни организации, размена на технологии, обука на кадри и примена на научните достигнувања во практиката.

Посебно внимание било посветено на современите производствени технологии, роботиката, вештачката интелигенција за индустриски цели и одржливото производство.

Радев истакна дека Германија е водечки економски партнер на Бугарија и дека развојот на човечкиот потенцијал и модерната научноистражувачка инфраструктура се клучни за одржлив економски раст и задржување на младите во земјата.

Слични Објави