| |

Традиционалниот собир „Краиште“ собра стотици гости општините Крива Паланка, Ќустендил и Босилеград

Кај селото Голеш на 12 јули се одржа традиционалниот собир „Краиште“, кој собра стотици гости од Ќустендил, Крива Паланка и Босилеград. Домаќин на годинашното издание беше Општина Крива Паланка, јавува БНР.

Програмата започна со интонирање на химните и подигнување на знамињата на Бугарија, Северна Македонија и Србија.

Градоначалникот на Ќустендил, Огњан Атанасов, истакна дека трите општини се пример за заедничка соработка и најави заеднички проекти за забавни паркови и набавка на возила за чистење патишта.

Градоначалникот на Босилеград, Владимир Захариев, порача дека на овој ден националноста нема значење, бидејќи сите се едно, додека градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, нагласи дека границите можат физички да ги разделат државите, но не и почитта, љубовта и разбирањето.

На собирот, кој годинава одбележа 21 година од првото издание, настапија фолклорни ансамбли од трите општини.

Слични Објави