| |

СУДИИТЕ НА СУД ЌЕ СИ ГИ БАРААТ НАЗАД СКРАТЕНИТЕ ПЛАТИ

Здружението на судии пред Уставниот суд ја оспори владината Уредба со која судиите и обвинителите се ставаат на минималец. Од Уставен велат дека е отворен предмет кој наскоро треба да се најде пред уставните судии.

Со намалувањето на платите не се согласува и Здружението на јавните обвинители. Тие својата реакција ја доставиле до Министерството за правда.

„Со дописот од Здружението на јавните на јавните обвинители ја запознавме и Владата. Сите вакви дописи се разгледуваат на кризниот штаб. Нема се уште никаква одлука по тоа барање“, велат од Министерство за правда



Слични Објави