|

Одбележуваме 141 години од раѓањето на бугарскиот академик од Охрид Иван Снегаров

На 18-ти октомври 1883 г. во Охрид е роден академик ИВАН ЈОНЧЕВ СНЕГАРОВ, виден црковен историчар и архивист. Учел во Цариградската духовна семинарија, а покасно ја завршил Киевската духовна академија. Потоа бил учител во Цариградската семинарија, Педагошкото училиште во Сер, Бугарската гимназија во Солун, Јамболската гимназија и Софиската семинарија. Од 1926 г. почнал да предава во Софискиот универзитет црковна историја, а од 1933 г. е редовен професор. Во 1943 г. станва академик на Бугарската академија на науките, а покасно и директор на Институтот за бугарска историја и Архивниот институт. Бил редактор на в. „Автономна Македонија“ и „Црковен вестник“. Член уредник е на Македонскиот научен институт во Софија и соработник на неговото гласило „Македонски преглед“. Меѓу многубројните негови научни дела е капиталниот труд ИСТОРИЈА НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА.

Иван Снегаров умира во Софија 1971 г.

“Од ден на ден идат се’ потревожни известија за положбата на нашите браќа под србски и грчки јарем. Тоа, што тие трпеа во турско време, далеку отстапвува на нивните сегашни страдања. Лишени од национална и духовна слобода, казнети за бугарското завршување на своето презиме, тие се третират од србските и грчките власти, така како дивите племиња – од покорувачите европејци. Кај Срби и Грци нема ни чувство на справедливост, ни идеја за хуманост, ни сознание за христијанска должност и милост. Шовинисти до коски, тие се само привидно христијани: нивниот бог-идол е нацијата. Во своето сознание тие ја сваќаат својата нација како центар на светот, околу кој сите околни народи треба да се движат…

А меѓутоа Бугарите заземаат најголемо место во Балканскиот полуостров и се јавуваат една карпа, во која се разбиваат србско-грчките мечти. Оттука нивната омраза кон Бугарскиот род и разјарената нетрпеливост кон секакви бугарски траги во своите држави. Во Македонија нема веќе ни бугарски цркви, ни бугарски училишта, ни бугарски книги. Сите стари ракописи, во кои се говори за минатото на Бугарскиот народ во Македонија, се прибрани од складовите за книги на манастирите и црквите. Во грчка Македонија иконите на словенските просветители се изгорувани, словенските надписи се избришени… Во односите на властите кон Бугарското население лежи едно начело: ТЕРОР. Насилство духовно, за да се затемни националното сознание на населението; насилство физичко, за да стане несоодветен за самостоен културен живот – ето во што се изразува политиката на србските и грчките власти…

…Во 1912 г. почнаа, како е извесно, во разни македонски градови атентати, кои што свршуваа со клање над мирното Бугарско население. Во истото време бугарската влада склучи воен сојуз со балканските држави, така што прифати она, што до него никоја влада не се решаваше да допушти: Делење на Македонија. Тоа е првиот грев, кој што го изврши Бугарската држава, како спрема македонското Бугарско население, така и спрема слободниот Бугарски народ. Од него произлегоа по природна необходност сите зла, кои што се втурнаа над Бугарската татковина во 1913 г.

…Виновни сме уште, дека се подведовме по туѓи интригантски умови и изгубивме и она што беше веќе во наши раце. Кој може да не’ убеди, дека народот не е никако уморен и пак е готов да се фрли за второ избавување на своите браќа со онај ентузијазам и безропотна послушност, како во првата војна? Тој пак би тргнал на војна, но не толку од магијата на идеалот за национално обединување, колку од жед за одмазда, од желба да си ги врати предходната слава и гордост или, најпосле, за да ја запази својата татковина во случај на надворешни напади. Тешко и горко на онај народ, кој што нема умни раководители! Во тој критичен момент Бугарија има најмногу нужда од умни државни мажи. Умот твори, безумието разрушува…”

ЗА МАКЕДОНИЈА, Црковен весник, 1915 г.

“Има еден бугарски град, кој што се наоѓа на самиот западен крај на бугарската земја, но покрај тоа тој е толку мил на сeкое бугарско срце, неговото минато така пленувачки дејствува врз бугарската душа, како Рим — на Латинецот, Атина — на Гркот, Ерусалим — на Евреинот. Тој стар град, чиј што „прав свет“ сака да го види нашиот народен поет, тој симбол на древната бугарска моќ и блесок, е Охрид, каде што 1000 години таинствено — величествено се возвишува над азурното езеро храмот на бугарскиот првоерарх и првоучител Св. Климент. Престол на „бурниот Самуил“ и неговите наследници до 1019 г., Охрид останал речиси осум века центар на духовниот живот на бугарскиот народ и прскал светлина по целиот Балкански полуостров, дури зад Дунав — во Влахија и Молдавија. Охридската архиепископија, макар и погрчена, не изгубила сознание, дека е духовно основана, предназначено за служба на бугарскиот народ; дека основата на нејзината автокефалија е националната самобитност на бугарскиот народ. Има многу сведоштва, кои што изрично говорат, дека охридските архиепископи упорно ја заштитувале независноста на бугарската црква против посегањата на цариградските патриарси и го подцртувале бугарскиот карактер на својата црква, така што се титулирале архиепископи на цела Бугарија, својот престол го нарекувале прeстол на Бугарија и своето паство — бугарско, а сами тие го знаеле бугарскиот јазик. Освен во надписите и подписите во официалните писма, архиепископите го означувале бугарскиот карактер на архиепископијата и во своите печати, со кои што ги закопчувале актовите — окрyжни, бракоразводни, изборни и сл. За печат при архиепископскиот подпис се говори во писмата на знаменитиот архиепископ Димитри Хоматиан, кој што со синодно окружно од 1219—20 г. го исклучил от православната црква србскиот архиепископ Сава, бидејќи последниот, без знаење и согласност на „архиепископот на Бугарија“ — канонскиот духовен началник на Србија — се прогласил за независен архиепископ. До сега не е најден ни еден архиепископски печат, оти бурното време уништило многу бугарски паметници, па и не е издаден отпечаток от нив, сигурно, оти оригиналите на официалните актови се изчезнати и запазените документи се знаат во преписи. Приближна представа за формата и надписот на архиепископските печати може да се состави по тука клишираниот печат на музејот на окружната архиепископија во Охрид от 1616 г…”

ЕДНА ОХРИДСКА СТАРИНА, 1916 г.

Слични Објави