| |

АДВОКАТОТ НА ТЕПАЧИТЕ ОД ШТИП ПО ОДЛОЖУВАЊЕТО НА ДЕЛОТО: И ПОКРАЈ ПРИТИСОКОТ НА ЈАВНОСТА СЕ НАДЕВАМ НА НЕПРИСТРАСНОСТ НА СУДИЈАТА

Посебните мерки против ширењето на коронавирусот го одложија судскиот процес против двајцата штипјани кои во јануари навредуваа и тепаа девојка во влез на станбена зграда.

На барање на бранителот Валентин Зафиров да оствари контакт со својот клиент за да направи стратегија за судењето, јавниот обвинител се согласил, а судот прифатил ова право да биде искористено, при што судскиот процес да се одложи за 28 април.

Зафиров во телефонски разговор за МИА појаснил дека веќе утре ќе се обиде да оствари средба во кумановскиот затвор со својот клиент, но и со другото момче, кое од денеска е ангажиран да биде и негов бранител пред судот. Нагласи дека одложувањето не е заради одолговлекување на судскиот процес, туку заради правото на одбрана и фер судење.

Двајцата штипјани на возраст од 23 и 26 години утринава во Основниот суд во Штип беа донесени со комбе од истражниот Затвор во Куманово. Пред да почне судскиот процес адвокатот Зафиров истакна дека чувствува притисок од јавноста, но верува во непристрасност на судијата и носење на одлуки согласно законите.

Момчињата се обвинети за сторено кривично дело „ Насилство”, за што казната која може да им биде изречена се движи од шест месеци до пет години.

Слични Објави