Ердоган: Збеснатата влада на Нетанјаху е како сериски убиец
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги осуди постапките на израелската влада и ги пофали Палестинките за нивната храброст и издржливост, јавува Анадолија.
„Беснатата влада на Нетанјаху секој ден брутално убива десетици жени, деца, стари луѓе и бебиња, како сериски убијци кои уживаат да убиваат“, рече Ердоган во Анкара за време на говорот на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените.
Турскиот претседател, исто така, изрази восхит од храброста на палестинските жени, истакнувајќи ја нивната сила наспроти насилството и варварството. „Соочени со варварството, чесните жени од Палестина дадоа пример за целиот свет и за сите жени со нивниот благороден став кој не се поклонуваше на угнетувачот“, рече Ердоган.
Ердоган ја повтори посветеноста на Турција да ги поддржи палестинските жени, велејќи дека „нема да се двоуми да покаже реакција и да го брани најосновното право на живот, и покрај притисокот од ционистичкото лоби“. Тој додаде дека насилството врз луѓето, особено врз жените, е неприфатлив вандализам.
„Секој што ќе положи рака врз жена или ќе изврши физичко или психичко насилство мора да ја добие заслужената казна, тоа е примарна должност на државата“, заклучи тој.