| |

Бугарскиот институт GATE отвори конкурс за две стипендии на Google DeepMind за магистерски студии по вештачка интелигенција

Институтот GATE во рамките на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, во партнерство со Факултетот за математика и информатика, го отвори конкурсот за две целосни стипендии Google DeepMind AI Masters Scholarships за академската 2026/2027 година, јавува БТА.

Секоја стипендија обезбедува финансиска поддршка од околу 28.700 американски долари за 18-месечни студии. Средствата ги покриваат школарината, сместувањето, животните трошоци, опремата, академските патувања и учеството на меѓународни конференции од областа на вештачката интелигенција.

Стипендиите се наменети за студенти примени на магистерските програми „Вештачка интелигенција“, „Извлекување информации и откривање знаење“ и „Технологии за големи податоци“.

„Нашата цел е да им дадеме можност на уште повеќе талентирани млади луѓе да бидат дел од промените што ги носи вештачката интелигенција“, изјави директорката на GATE, проф. д-р Силвија Илиева.

Кандидатите треба да имаат просечна оценка од најмалку 4,50 на додипломските студии и да ги исполнуваат условите за финансиска подобност. Рокот за пријавување е 9 октомври 2026 година, а конечниот избор ќе заврши до 31 октомври.

Слични Објави