(Видео) Одбележуваме 119 години од подвигот и саможртвата на хероите од врв Ножот
Ви го претставуваме документарниот филм на бугарскиот новинар Иво Иванов и нашиот редовен колумнист Владимир Перев, снимен пред 25 години и посветен на хероите кои пред 119 години, на 14 јули 1907 г. останaле засекогаш на врвот „Ножот“.
Христо Силјанов ги нарекол овие млади момчиња „витезите на Ножот“ и во нивна чест ги напишал безвременските зборови: „Тивко е на Ножот“, од своја страна пак авторите на документарецот ќе додадат „верувајте, на Ножот никогаш не е тивко…“

