Бугарија и Грција потпишаа договор за царинска соработка
Бугарија и Грција потпишаа договор за формирање нов центар за полициска и царинска соработка на граничниот премин „Кулата – Промахон“, јавува БНТ.
Документот го потпишаа министрите за внатрешни работи на двете држави Иван Демерџиев и Тодорис Ливаниос. Беа потпишани и протокол и заедничка декларација меѓу раководителите на бугарската и грчката полиција.
Новиот центар ќе ја подобри координацијата меѓу службите во борбата против криминалот и ќе го олесни движењето преку границата.

