Изложбата „Couleurs“ ги претставува делата на современи бугарски творци во Женева
Дела на познати бугарски уметници, кои обединуваат традиција, модерност и автентична емоција, ќе биде претставена на изложбата „Couleurs“ – галерија Taskoff, што ќе биде поставена во изложбениот простор на Blitz Artco во Женева од 2 до 31 октомври 2025 година (Rue Michel-Chauvet 6, 1208 Genève), јавува БНР.
Според информациите објавени од Бугарско-швајцарската асоцијација за култура, традиции и просвета „Канатица“, свеченото отворање ќе се одржи на 2 октомври во 18:30 часот, а ќе го отвори Н. Е. Јуриј Штерк, амбасадор на Бугарија при ОН и меѓународните организации во Женева.
„Дојдете да се потопите во експлозија од бои, емоции и страст преку делата на водечките бугарски уметници“, повикуваат од „Канатица“.
Галеријата Taskoff е основана во 2010 година од Димитар Тасков и се наоѓа во живописниот град Мелник. Низ годините, мисијата на галеријата е да го популаризира современото бугарско уметничко творештво преку соработка со признати уметници.
Taskoff има претставувано бугарски творци во Швајцарија (Женева, Лозана и други градови), во Бугарскиот културен институт во Будимпешта, на меѓународни уметнички форуми, како и преку организирање резиденции на бугарски уметници во Грција.
Со „Couleurs“, публиката во Женева ќе има ретка можност да се запознае со богатството на современата бугарска уметност во срцето на Европа.
