(Видео) Бугарија е големиот победник на 70-тото издание на „Евровизија“
Бугарија е големиот победник на 70-тото издание на „Евровизија“. Настапот на бугарската претставничка Дара се издвои и убедливо го освои првото место, јавува БГНЕС.
Австралија, Малта, Данска и Литванија ѝ ги доделија максималните 12 поени на Бугарија. Така Бугарија го освои гласањето на националните жири-комисии и убедливо се најде на врвот со 204 поени.
Гласовите од публиката ѝ донесоа на Бугарија уште 312 поени. Така, ДАРА со „Бангаранга“ постигна убедлив триумф со вкупно 516 поени, пред Израел со 343 поени и Романија со 296.
„Бангаранга“ е чувство на сила, да го победиш стравот со посебна енергија. Кога си во хармонија со природата и светот, тогаш можеш да постигнеш сѐ“, изјави Дара.
Трофејот ѝ беше врачeн од JJ, кој ја освои наградата минатата година. „Знаев дека ќе победиш“, ѝ се обрати тој на Дара.
Владимира Илиева, која беше одредена за портпарол на бугарското жири, соопшти дека Бугарија ѝ доделува 12 поени на Малта.
