| |

Европската комисија бара кандидати од Бугарија за платена петмесечна практикантска програма

Европската комисија го отвори пријавувањето за платената практикантска програма „Blue Book“, соопшти Претставништвото на Европската комисија во Бугарија. Практикантската работа ќе започне во март 2027 година, ќе трае пет месеци и нема ограничување на возраста на кандидатите, јавува бугарскиот дневен весник 24 часа.

„Ако сакате да поминете пет возбудливи месеци во Брисел, Луксембург, а зошто да не и во Софија, и да дознаете повеќе за тоа како европските институции функционираат однатре, од денес можете да ги поднесувате своите кандидатури за практикантската програма на ЕК“, соопштија од институцијата.

Платената практика овозможува стекнување практично искуство во креирањето политики и администрацијата на Европската Унија, развивање професионални вештини, унапредување на меѓукултурната свест и личен развој.

Практикантите ќе работат во мултикултурна средина и ќе се запознаат со работата на Европската комисија, нејзините извршни и децентрализирани агенции и тела, кабинетите на еврокомесарите и Европската служба за надворешно дејствување.

Слични Објави