ТРАМП ЈА ПОТВРДИ ИНФОРМАЦИЈАТА ЗА УБИСТВОТО НА ХАМЗА БИН ЛАДЕН
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потврди дека е убиен синот на Осама бин Ладен , Хамза. Вестите за неговата смрт почнаа да се шират од јули.
Трамп рече дека Хамза Бин Ладен бил убиен во антитерористичка акција на силите на САД.
Хамза се смета за наследник на Осама, а неговото име се наоѓа на црниот список на лицата обвинети за тероризам.

