|

МАЛЕШЕВЦИ ЈА ПОКАЖАА СВОЈАТА ХУМАНОСТ: КУЌАТА НА СЕМЕЈСТВОТО МИРЧОВСКИ ПОВТОРНО ИЗГРАДЕНА

По пет месеци макотрпна работа со помош на хуманите граѓани од Малешевијата и наши иселеници, домот на семејство Мирчовски од село Русиново кој на 23 март годинава изгоре во пожар, од денес повторно е осветен и спремен за нов почеток на семејството кое брои 12 члена, јавува „Денешен“.

Највозрасниот член на семејството Здравко Мирчовски денес не можеше да ја опише благодарноста кон сите кои придонесоа семејствот повторно да се издигне од пепелта.

„Сега сме во подобра состојба со изградена куќа, со сместени дечиња, внучиња, така да сме сите, веќе можам да кажам, обезбедени со кров над глава. Доста сме благодарни од мештаните, пошироко од нашите мештани од државата и дијаспората. Има доста луѓе кои многу ни помогнаа. Немаме зборови сето тоа да се каже, самата слика го кажува чинот на хуманост“, истакна Мирчовски.

Слични Објави