| |

ПЛАНИНАР ОД МАКЕДОНИЈА ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ НА ОЛИМП

Планинар од Македонија го загуби животот на планината Олимп во Грција, откако паднал во провалија, веројатно затоа што претходно му се слошило, пренесува Плусинфо.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за група од околу девет лица од нашата земја, кои планинареле на Олимп, на мажот или му се слошило или добил срцев удар по што паднал во провалија, а обдукцијата дополнително ќе ги утврди точните причини за смртта.

Слични Објави