Претепан секретарот на клубот „Цар Борис III“ во Охрид- бугарскиот европратеник Андреј Ковачев ќе ги информира европските институции
Пред малку во Охрид е претепан млад човек само затоа што е Бугарин и секретар на бугарскиот клуб таму. Ова на социјалната мрежа Facebook го соопшти бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.
,,Насилството, омразата и дискриминацијата треба да запрат. Очекувам итна реакција на властите и во двете земји. Ситуацијата е неподнослива. Политичката класа, медиумите и академските средини создадоа атмосфера на омраза и прогон на Бугарите. Европските институции секако ќе бидат информирани! Момчето се наоѓа во болница. Полицијата е информирана”, пишува Андреј Ковачев.