| |

Во британското градче Мејдстоун се одржа првиот Бугарски фестивал и пазар

Организацијата „Бугари во Кент“ (Bulgarians In Kent CIC) организираше импресивен Бугарски фестивал и пазар, кој за првпат се одржа на 21 септември во паркот Моте, во градот Мејдстоун, Англија, јави весникот на Бугарите во Англија „БГ БЕН“.

Настанот ги обедини гостите преку бугарска народна музика и танци, традиционална храна и ракотворби. Посебен белег на фестивалот дадоа и претставници од локалната романска заедница, кои активно се вклучија во програмата.

„Среќни сме што градиме добри и корисни врски со други народи и заедници. Ова е важен дел од патот што сме го одбрале – да ги обединиме и поддржиме Бугарите; да ја прикажеме нашата култура и храна пред останатите; гордо да презентираме дел од нашата богата историја“, истакнаа од Bulgarians In Kent CIC.

Слични Објави