По 100 дена Бугарија ќе влезе во еврозоната, најави Лагард
Бугарија за 100 дена ќе стане дел од еврозоната, објави управителката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, во објава на социјалните мрежи.
Според Лагард, со приклучувањето кон еврото земјата ќе добие поголема економска сигурност, а граѓаните, бизнисот и банките ќе почувствуваат бројни позитивни ефекти.
„Бугарија ќе има своја позиција, придонес во дискусиите и право на глас“, нагласи таа, пренесува и официјалниот сајт на ЕЦБ.
„Ова е историски чекор за земјата и значајна можност за граѓаните и компаниите во целата еврозона. Промените понекогаш предизвикуваат прашања и грижи, но ЕЦБ и националните институции работат во тесна соработка за да обезбедат лесен премин за сите, со прецизно планирање и особено внимание на ценовната стабилност“, додаде Лагард.
