Напаѓачите се идентификувани- Ковачев го информирал министерот за надворешни работи Бујар Османи
И тројцата напаѓачи кои вечерва го претепаа секретарот на бугарскиот клуб ,,Цар Борис III ” во Охрид се идентификувани.
Тоа го соопшти бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во коментар на социјалната мрежа Facebook под постот во кој што информира за нападот врз момчето од Охрид.
Потсетуваме дека вечерва секретарот на клубот „Цар Борис III“ беше претепан во Охрид. Ковачев соопшти уште дека се обидел да зборува со нападнатото момче, но поради повредите не успеале да разговараат. Како што станува јасно од коментарите под постот, бугарскиот европратеник го информирал за нападот и министерот за надворешни работи на РС Македонија Бујар Османи.