ЈАНЕВА ОСТАНУВА БЕЗ РАБОТА- НЕ МОЖЕ ДА СЕ ВРАТИ НИ ВО ГЕВГЕЛИСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО
Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука да биде ставен во сила делот од решението со кој се определува дека функцијата на Катица Јанева во гевгелиското обвинителство е ставена во мирување додека таа ја извршува функцијата шеф на СЈО.
Ова значи дека Јанева останува без работа и повеќе не може да се врати на работа во Основното јавно обвинителство во Гевгелија. Одлуката е донесена поради несовесно вршење на функцијата.

