| |

Бугарскиот претседател и лидерите на партиите му честитаа на Доналд Трамп

Бугарските политичари му честитаа на Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД, пренесува Радио Бугарија.

Честитки до Доналд Трамп за изборната победа, напиша претседателот Румен Радев на социјалната мрежа „Икс“. „Уверен сум дека нашиот ефективен дијалог на највисоко ниво ќе продолжи во интерес на стратешкото партнерство меѓу САД и Бугарија, додаде шефот на државата. „Честитки за Доналд Трамп. Подготвен сум да соработуваме, повторно! За безбедност!“, напиша на Фејсбук лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.

„Им честитам на сите мои пријатели од Републиканската партија за успехот на изборите“, напиша на Фејсбук Кирил Петков, копретседател на „Продолжуваме со промените“. Според него, освојувањето на мнозинството во Сенатот и Конгресот и претстојната победа во претседателската трка е сериозно политичко достигнување.

„Враќањето на претседателот Доналд Трамп во Белата куќа е добра вест за демократијата во САД и светот, на кои им треба нормалност, нов почеток, мир и просперитет“, рече лидерот на „ДПС – Нов Почеток“ Делјан Пеевски, резимира БТА

Слични Објави