ТРИЧКОВСКИ СО НЕВКУСЕН СТАТУС ЗА ДЕЦАТА НА МИЦКОСКИ – ЈОЦИ: ИМА ЛИ СООДВЕТНИ ИНСТИТУЦИИ ЗА ПЕНЗИОНЕРОВ?
„Кога му се родиле децата, Мицковски отишол на Телма и изјавил дека за се е виновен Заев“. Ова на фејсбук го напиша новинарот Бранко Тричковски кој постојано е критички настроен кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Говорот на Тричковски кој го окрактеризираа како „говор на омраза“ го коментираше и новинарката Јорданка Ивановска Јоци. Еве што напиша таа на нејзиниот фејсбук профил:
Говорот на омраза, кон никого, не смее да биде толериран. Ни кон Фетаи, ни кон Мицкоски, ни кон министерката за финансии, ни кон нејзината соработничка, ни кон мене, ни кон било кој.
Жалосно е во што се претвори овој човек, кој, имено и мене ме навредуваше. Има ли соодветни институции за пензионеров ?
И по редот на нештата, сега треба некој да ги умеша неговите деца. Така, лигњо (твој опис за мене) ?
Извор: Поглед

