ПОЖАР СЕ ПРИБЛИЖУВА ДО МАНАСТИРОТ СВ ДИМИТАР ВО ПРИЛЕП
Огромен пожар попладнево избувна во непосредна близина на манастирот Св. Димитрија над село Селце во Прилеп, јавува Фокус. Од ЈКП Комуналец Прилеп апелираат до граѓаните:
„Молба до граѓаните
Огромен пожар избувна до манастирот Св,, Димитрија,, во Селце. Комуналци веќе се на терен на гаснење на пожарот, тргнуваат и дополнителни работници.Се е ангажирано од претпријатието на гаснење на пожарот. Молба до граѓаните, секој што може да помогне да се упати кон Селце“, порачаа од комуналното претпријатие.
