ПОЖАРОТ КАЈ ПРИЛЕПСКОТО СЕЛО СЕЛЦЕ ПРЕДИЗВИКА ЕВАКУАЦИЈА НА 500 УЧЕНИЦИ КОИ БИЛЕ НА ЕКСКУРЗИЈА
Големиот пожар кој избувна денеска во шума во селото Селце, и кој му се закануваше на манастирот Свети Димитриј, предизвика евакуација на 500 ученици кои биле на екскурзија, јавува ТВ21.
Наставниците го забележале пожарот, веднаш ги информирале надлежните, и безбедно го напуштиле местото.
Пожарот до манастирот е ставен под контрола, но и натаму гори огромен дел од Селечка Планинја. Во моментов пожарникарите се на терен и се борат со оганот.

