РИСТОВСКА ДОБИ ОДОБРЕНИЕ ДА ГО ЗАСТАПУВА „ТАЛИР2“
Обвинителката Ленче Ристоска доби одобрение од Јавниот обвинител, Љубомир Јовески, да го застапува обвинението во предметот „Талир 2“. Во случајот обвинети се поранешниот премиер, Никола Груевски и екс генералниот секретар на владата, Кирил Божиновски. Се товарат за малверзации и злоупотреба на службената положба при избор на компанија за изградба на седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Рочиштето за „Талир 2“ е закажано за денеска во Кривичниот суд во Скопје.

