ГДУ БАРА ИТНИ ИЗБОРНИ РЕФОРМИ, ПОМАЛ БРОЈ НА ПРАТЕНИЦИ И СОВЕТНИЦИ И ПОМАЛКУ ПРИВИЛЕГИИ ЗА ПОЛИТИЧАРИТЕ
ГДУ денес ја поздрави иницијативата на Цивил и побара итни промени на политичкиот систем . Претседателот Петар Колев смета дека сегашниот систем е застарена и нефукционална машина која малку работи а многу троши.
„Ние како политичка партија секогаш истакнуваме дека е неопходна промена на политичкиот систем, рационализација на државните органи, нивните надлежности, буџет и одговорност. Првиот чекор за тоа е реформа на целиот изборен процес како на национално, така и на локално ниво, проследено со намалување на бројот на пратениците и нивните привилегии“ изјави Петар Колев -претседател на ГДУ
Освен со пратениците, истото треба да се случи и со советниците.
„Истата рационализација треба да биде проследена и на бројот и ингеренциите на членовите на општинските совети. Затоа, Граѓанско Демократската Унија ја поздравува секоја искрена иницијатива која може да придонесе во тој процес за кој не се сомневам дека ќе се случи во Македонија“ изјави Петар Колев претседател на ГДУ
Иницијативата на ГДУ која е од поодамна, засега коинцидира и со барањето на 12 пратеници од помали партии кои до спикерот на Парламентот Талат Џафери вчера поднесоа иницијатива за промена на Изборниот модел.
Несомнено, нешто во овој контест ке мора да случува зашто државниот апарат и политичарите за држава како Македонија станаа неподносливо тешки за одржување. Освен големите плати и привилегии, ке се намали и можноста за корупција како на државно така и на локално ниво. За споредба, Словенија има приближно жители како Македонија но има само 90 пратеници.
Извор: ТВ Стар

