САУДИСКА АРАБИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ВОЈНА СО ИРАН
Саудиска Арабија верува дека Иран стои зад неодамнешните напади на нафтените фабрики на компанијата Сауди Арамко и ќе разгледа и можности за воена операција како одговор кога ќе заврши истрагата, изјавил денес на прес-конференција на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк саудискиот државен министер за надворешни работи, Адел Ал Џубеир.
Како што пренесува “Reuters”, тој рекол дека Саудиска Арабија сака да ја мобилизира меѓународната поддршка и да ги разгледа сите опции – дипломатски, економски и воени, и после тоа ќе донесе одлука. “Ние сакаме да избегнеме војна, но истовремено мораме да пратиме и сигнал до Иранците дека ваквото нивно однесување не може да продолжи”, истакнал Џубеир.
Тој додал дека ОН помагаат во идентификување на локацијата за напади од 14-ти септември, кои предизвикале пореметувања во светските испораки на нафта и се очекува истрагата да биде завршена наскоро, најдоцна за неколку недели.
