Обезбеден е грант од 149 милиони евра, почнува изградбата кон Деве Баир — потпишан е договор за Коридор 8
Со потпишување на договорот за инвестициски грант од 149 милиони евра преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), како и договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), официјално започнува третата фаза од финансирањето на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир, дел од Коридорот 8, јавува Слободен печат.
Министерот за транспорт Александар Николоски оцени дека станува збор за еден од најзначајните инфраструктурни чекори на Владата, нагласувајќи дека проектот ќе ја зацврсти позицијата на Македонија како транспортна раскрсница на Коридорите 8 и 10.
