Радев: Бугарскиот народ низ вековите ја докажал својата толерантност кон различните етнички и верски заедници
Бугарскиот премиер Румен Радев денеска порача дека бугарското општество и институциите не прифаќаат никакви манифестации на ксенофобија, расизам и антисемитизам, коментирајќи го вчерашниот вербален судир меѓу групи млади луѓе во Банско.
Во објава на социјалната мрежа Facebook, Радев истакна дека бугарскиот народ низ вековите ја докажал својата толерантност кон различните етнички и верски заедници. Тој потсети и на спасувањето на бугарската еврејска заедница за време на Втората светска војна, оценувајќи дека тоа претставува морален пример за Европа.
Радев ги повика странските политичари, кои ја осудиле Бугарија по инцидентот во Банско, најнапред да се запознаат со сите факти. Според него, бугарските власти се подготвени целосно да ги достават информациите за случајот.
Тој, исто така, ги повика сите странски посетители да ги почитуваат бугарските закони, достоинството на граѓаните и приватната сопственост, како и да не предизвикуваат тензии со своето однесување.
