| |

Криско и бугарските одбојкари ги обединуваат Бугарите со кампањата „Еден тим. Една нација.“

Бугарскиот пејач Криско и репрезентативци од машката одбојкарска селекција ја почнаа кампањата „Еден тим. Еден нација.“ во пресрет на Европското првенство во 2026 година, јавува БГНЕС.

Во центарот на кампањата на партнерот на Бугарската одбојкарска федерација, VB RAGS, е песна напишана и изведена од Криско, придружена со видеоспот во кој учествуваат бугарските одбојкари. Песната ќе ги придружува навивачите за време на првенството.

„Кога игра Бугарија, ние сме заедно. Сакав да создадам нешто што луѓето ќе можат да го пеат, да го почувствуваат и со кое ќе се гордеат“, изјави Криско.

Во иницијативата веќе се вклучиле повеќе од 15 бугарски заедници во светот, меѓу кои оние во Рим, Лондон, Чикаго, Лас Вегас и Вашингтон. Тие ќе организираат заедничко следење на натпреварите и активности на социјалните мрежи.

Во рамките на кампањата ќе се продава и реплика на дресот на бугарската репрезентација, а дел од приходите ќе бидат наменети за поддршка на националниот тим и развојот на одбојката во Бугарија.

„Бугарите насекаде во светот можат да застанат зад националниот тим и да им покажат на играчите дека никогаш не се сами“, изјави претседателот на федерацијата, Љубомир Ганев.

Слични Објави