| |

На врвот Шипка во Бугарија се одбележуваат 149 години од Шипченската епопеја

Со официјална церемонија кај Споменикот на слободата на врвот Шипка во Бугарија денеска (22 август) ќе биде одбележана 149-годишнината од Шипченската епопеја, јавува БТА.

На чествувањето ќе присуствуваат бугарската претседателка Илијана Јотова, која ќе го прими почесниот строј и ќе одржи говор, како и министерот за одбрана Димитар Стојанов.

Програмата опфаќа панихида во Соколскиот манастир, планинарски походи, музичко-поетска програма и реконструкција на историските борби. Официјалната церемонија со положување венци и цвеќе ќе почне во 12:00 часот.

Слични Објави