| |

Бугарскиот атлетичар Сарабојуков обезбеди пласман во финалето на Дијамантската лига

Бугарскиот рекордер во скок во далечина, Божидар Сарабојуков, обезбеди место во финалето на Дијамантската лига, кое ќе се одржи на 4 септември во Брисел, јавува БГНЕС.

Дваесет и двегодишниот атлетичар е втор во привремениот пласман во дисциплината. Пред него се наоѓа само двократниот олимписки шампион Милтијадис Тентоглу.

Пред решавачкиот натпревар во белгиската престолнина, Сарабојуков ќе има уште една можност да освои бодови. Тој ќе настапи на митингот од Дијамантската лига во Цирих на 27 август.

Во петокот бугарскиот натпреварувач го освои осмото место во скок во далечина на митингот од престижната серија во Лозана, Швајцарија.



Слични Објави