| |

Комисијата за одбрана во бугарскиот парламент ги одобри договорите за возилата „Страјкер“ и противминските бродови, првиот брод пристигнува во септември

Комисијата за одбрана во бугарскиот парламент ги усвои одлуките за зголемување на вредноста на договорите за борбените возила „Страјкер“ и за набавка на седум противмински бродови од класата „Трипартит“, соопшти министерот за одбрана на Бугарија Димитар Стојанов, јавува БГНЕС.

Тој очекува проектите да бидат ставени на гласање во Народното собрание во текот на неделата. „Првиот противмински брод е подготвен да биде преземен во септември“, изјави Стојанов.

Министерот потврди и дека американските авиони-цистерни ќе ја напуштат Бугарија пред истекувањето на парламентарното одобрение на 1 октомври. Според него, американската страна во моментов нема намера повторно да ги распореди авиони во земјата.

Слични Објави