Нова Република: Доколку премиерот не ги разреши министерот за локална самоуправа и нејзините функционери што го величат Ратко Младиќ – Владата поддржува величење на геноцид
Доколку премиерот не ги разреши министерот за локална самоуправа и нејзините функционери што го величат Ратко Младиќ – Владата поддржува величење на геноцид
А таквата Влада не е ниту европска ниту македонска.
Северна Македонија ја поддржа Резолуцијата за геноцидот во Сребреница.
Со тоа, одговорните за Сребреница ги смета за воени злосторници.
Доколку премиерот не ги разреши сите министри и функционери што величаат воен злосторник – значи дека:
– се согласува со нив, а стои против ставот на државата Северна Македонија, и
– стои на располагање на Вучиќ и неговата желба за државен закоп на воен злосторник – за да продолжи да ја бутка Северна Македонија во концептот на “српскиот свет”.
Во Сребреница беше спроведен геноцид и злосторство против човештвото.
Мицкоски во име на Владата одлучува дали неговата влада е со жртвите на геноцидот или со неговите спроведувачи.
(Мицкоски во име на) ВМРО-ДПМНЕ одлучува дали таа партија ќе продолжи да коалицира со партии и лица кои поддржуваат геноцид или ќе се дистанцира од нив.
До разрешувањето на функционерите во Владата што го величат Младиќ по предлог на премиерот или пратениците од ВМРО-ДПМНЕ –
Нова Република ќе смета дека:
– ВМРО-ДПМНЕ,
– нејзините функционери и
– коалициски партнери
не го осудуваат геноцидот во Сребреница и се во функција на политиките што спроведуваа злосторства против човештвото.
Нова Република
