Митрески: Нема да дозволиме уставна криза, ВМРО-ДПМНЕ нека поднесува кривични

/

-Прво да правиме разлика помеѓу избор на уставен судија и носење закон или амандмани. Кога станува збор за избор се води расправа на Комисијата и се гласа за секој посебно. За двајцата кандидати е завршена комисиската расправа. Ако на опозицијата е цел да ја донесе земјата во уставна криза тоа нема да го дозволиме. Нека поднесат пријави. Ова е во рамките на процедурата, излегуваме во пресрет да не се создаде уставна криза. Не се гласа во пакет за сите судии, туку се гласа поединечно за секој предлог. Нема логика во Комисијата да заврши дебатата за сите, за тие да одат во пакет на пленарка – рече Митрески.

Неговата изјава следува откако вчера ВМРО-ДПМНЕ најави можна интерпелација и кривични пријави бидејќи сметаат дека Комисијата за прашања на изборите и именувањата прво треба да ја заврши дебатата за сите имиња предложени за уставни судии и на крај уште еднаш да гласа за трите имиња заедно за да бидат предложени на пленарна седница. Наспроти нив, Митрески е на ставот кој го застапува и претседателката на оваа Комисија, Марија Георгиевска од СДСМ, дека нема потреба да се заврши дебата за сите имиња бидејќи за секој се дебатира и се гласа поединечно. Од тие причини, Георгиевска испрати известување до Џафери со предлог за избор на двајца уставни судии, наместо три – колку што треба да предложи Комисијата.



Извор: zoom.mk

Претходна статија

Патот Ќафасан-Елбасан ќе биде со четири ленти, работите почнуваат следниот месец

Следна статија

Министерката за надворешни работи на Словенија, Фајон на средба со Османи

Најново од Вести

Историскиот музеј во Благоевград ќе претстави две монографии, за ВМРО и за улогата на активните жени во бугарските заедници во Македонија и Одринска Тракија

Во Регионалниот историски музеј – Благоевград денеска ќе бидат претставени две монографии на д-р Елена Александрова,