Над 300 лица се ангажирани во справувањето со последиците од поплавата во Струмјани
Над 300 лица од државни и локални институции, специјализирани служби и доброволци се на терен во Општина Струмјани и учествуваат во активностите за отстранување на последиците од поплавата, соопшти локалната самоуправа, пренесува Пиринско.
Главен приоритет на екипите е помошта за жителите, расчистувањето и обновата на погодените подрачја, како и создавањето услови за што побрзо враќање на нормалниот живот.
Во активностите учествуваат и десетици доброволци, кои работат заедно со претставниците на институциите и службите.
Општина Струмјани им изрази благодарност на сите ангажирани екипи, организации, донатори и доброволци кои помагаат во справувањето со последиците од непогодата.
