Отстапувања во квалитетот на водите во три реки во општина Босилеград
Лабораториските анализи на површинските води во општина Босилеград покажале отстапувања кај амониумот и одредени тешки метали во реките Драговиштица, Љубатска Река и Караманица, јавува Гласпрес.
Највисока концентрација на амониум е измерена во Драговиштица кај Центарот за култура во Босилеград – 0,902 mg/l, при референтна вредност од 0,10 mg/l, односно повеќе од девет пати над неа. Во истата проба е измерен и манган од 0,107 mg/l.
Најголемо отстапување кај тешките метали е регистрирано во Љубатска Река кај рудникот „Грот“, каде концентрацијата на олово изнесува 0,135 mg/l, при гранична вредност од 0,05 mg/l, или 2,7 пати над дозволеното ниво. Во Караманица кај рудникот „Босил метал“ амониумот изнесува 0,666 mg/l.
Според лабораторискиот заклучок, зголемени концентрации на амониум се утврдени во сите три испитани реки, додека несоодветна вредност на олово е регистрирана во Љубатска Река.
Целосните резултати и лабораторискиот извештај се објавени на интернет-страницата на Општина Босилеград и на Novo Radio Bosilegrad.
