| |

МНР на Бугарија: Хибридните напади врз сојузниците се неприемливи

Бугарија изрази целосна солидарност со Германија по хибридните напади во Лајпциг, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата во објава на социјалната мрежа Икс.

Од Министерството нагласуваат дека ваквите хибридни напади насочени против партнерите и сојузниците се целосно неприемливи. Воедно, оттаму потврдуваат дека Бугарија и во иднина ќе продолжува да ги поддржува силните и координирани напори за спротивставување на хибридните закани и за зачувување на заедничката безбедност.



Слични Објави