СЕМЕЈСТВОТО НА ПОЧИНАТИОТ ВЕЛЕШКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ БОРЧЕ ПИНЕВ РЕШИ ДА ГИ ДОНИРА НЕГОВИТЕ ОРГАНИ

Велешанецот Борче Пинев кој вчера почина по трагичната несреќа е човекот кој негото семејство одлучи неговите органи да ги донира, пренесе Батали.нет.

Mинистерот за здравство Венко Филипче, напиша дека утрово на Клиниката за Урологија биле експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент кај кој вчера беше потврдена мозочна смрт.

„Во моментов, во тек е првата трансплантација на бубрег кај 35 годишна девојка која веќе неколку години е на дијализа, по што ќе следи и втората трансплантација. За жал, овој пат немавме соодветен примател на срцето и тоа нема да биде трансплантирано. Се заблагодарувам на семејството на донорот, кое во моментите на најголема болка одлучи да ги донира органите и да спаси уште најмалку два животи“, пишува Филипче.