Ликовниот уметник од Босилеград Љубиша Пенев учествува на меѓународна изложба во Белград
Повеќе од 200 автори од Србија и од други земји учествуваат на меѓународната изложба „Отпечатокот на творецот“, поставена во Уметничкиот павилјон „Цвиета Зузориќ“ во Белград. Меѓу учесниците е и босилеградскиот ликовен уметник Љубиша Пенев, кој се претставува со акварелот „Епифанија на светлината 2“, јавува Гласпрес.
На меѓународниот конкурс пристигнале 354 пријави, од кои стручно жири избрало 183 автори, а во проектот се вклучени и повеќе од 20 афирмирани уметници поканети од организаторите. Изложбата опфаќа сликарство, графика, скулптура, фотографија, инсталации и други современи форми на визуелна уметност.
Изложбата е авторски проект на Ана Мариновиќ, реализиран од здружението „Креативна фабрика“ во соработка со Сојузот на ликовните уметници на Србија (УЛУС).

