| |

Здружението „Балкански мост“ од Битола оддаде почит на 15-те бугарски туристи кои ги загубија своите животи во трагедијата со бродот „Илинден“

Претставници на Здружението „Балкански мост“ – Битола денеска во Охрид оддадоа почит на 15-те бугарски туристи кои трагично ги загубија животите во бродската несреќа со бродот „Илинден“.

На комеморацијата се обрати генералниот конзул на Република Бугарија во Битола, Петар Петров, кој, покрај почитта кон жртвите, со особена благодарност се осврна и на храбрите луѓе кои во трагичните мигови несебично се вклучија во спасувањето на патниците. Нивната човечност, храброст и пожртвуваност заслужуваат трајна почит и благодарност.

Пред претставници на Општина Охрид, дипломатскиот кор и бугарската заедница, уште еднаш беше испратена пораката дека споменот на загинатите не смее да избледи, а хуманоста на оние кои спасуваа човечки животи не смее да биде заборавена.

Благодарност до Генералниот конзулат, генералниот конзул Петар Петров и Република Бугарија, кои секоја година достоинствено го чуваат споменот на жртвите од оваа трагедија.

Вечен спомен на загинатите.

Длабока почит кон оние кои во најтешките мигови подадоа рака за спас.

Здружение „Балкански мост“-Битола



Слични Објави