| |

Никола Цолов петти во спринтот во Монца, ја зголеми предноста во Формула 2 на 24 бода

Бугарскиот пилот Никола Цолов го освои петтото место во спринт-трката за Големата награда на Италија и ја зголеми предноста на врвот во генералниот пласман во Формула 2 на 24 бода, јавува БНР.

Цолов напредуваше три позиции во однос на стартната позиција и освои четири бода, додека неговите главни конкуренти за титулата Рафаел Камара и Габриеле Мини останаа без бодови.

Победник во хаотичната спринт-трка на патеката во Монца беше Џошуа Дирксен од тимот „Инвикта“, за кого ова беше трета победа сезонава. Тој заврши 1,2 секунди пред Џон Бенет, додека Оливер Гете го освои третото место.

Цолов беше шести во квалификациите и според правилото за обратен стартен поредок требаше да тргне од петтата позиција. Сепак, по казната од ФИА со поместување три места наназад за секоја трка, Бугаринот го почна спринтот од осмото место.

Бугарскиот возач го започна денот со 20 бода предност пред Камара и Мини. Камара не ја заврши трката, а Мини остана надвор од зоната за бодови, па со освоените четири бода Цолов ја зголеми предноста на 24 бода пред главната трка.



Слични Објави