| |

АПЕЛАЦИЈА ЈА ОТФРЛИ ЖАЛБАТА НА БОКИ 13- ТОЈ ОСТАНУВА ВО ШУТКА

Апелациониот суд ја отфрли жалбата на Бојан Јовановски – „Боки 13“ и неговиот адвокат Сашо Дуковски по одлуката на Кривичниот суд со која му беше продолжен притворот за нови 30 дена.

Во образложението на одлуката од Апелација соопштија дека сеуште се исполнети два од трите услови по кои му е одреден притворот односно Јовановски може да побегне или да го повтори делото.

Јовановски, на вчерашната јавна седница во Аплеција, достави медицинска документација според кој тој мора да биде хоспитализиран поради компликации по извршен хируршки зафат на желудникот.

Обраќајки се до судиите кажа дека иако физички изгледа добро и е во добра психичка состојба, тој се соочува со сериозни здравствени проблеми. Бојан Јовановски пред Апелационите судии вети дека нема да бега бидејќи како што кажа живее да ја докаже својата невиност за случајот „Рекет“.

Слични Објави