ГЕРМАНСКАТА ВЛАДА ГО ОТФРЛИ НАВОДИТЕ ЗА НЕЕФИКАСНОСТА НА ВАКЦИНАТА НА ASTRAZENECA

Германската влада го демантираше во вторникот синоќешните написи во тамошните медиуми дека стравува порди тоа што вакцината против коронавирусот на англо-шведската компанија „AstraZeneca“ е ефикасна само кај 8 отсто од лицата постри од 65 години.

loading...

„Се чини дека во медиумските написи се измешани некои поими“, се наведува во соопштението на германското министерство за здравство по синоќешните објави на таблоидот Bild и деловниот весник Handelsblatt, а во Германија и во другите земји приоритетот во имунизацијата на населението е дадено токму на популацијата над 65-годишна возраст.

Истовремено се укажува дека во тестирањата на препаратот кој го создадоа „AstraZeneca“ и Универзитетот Оксфорд учествувале околу 8 отсто лица од старосната група меѓу 59 и 65 години, и само 3 до 4 проценти повозрасни од 70 години.

И германскиот министер за здравство Јенс Шпан во разговрот за јавниот сервис ZDF изјави дека медиумските написи се „искривени“.

loading...

„Не обраќам внимание многу на овие шпекулативни наслови. Врз основа на новите научни сознанија ќе одлучиме кои групи граѓани ќе ги вакцинираме со вакцината на AstraZeneca“, рече Шпан.



Додаде дека врз основа на новите научни студии ќе биде одредено до која мера оваа вакцина е ефикасна кај постарите лица.

Команијата, имани, дополнително до Европската комисија доставила податоци од едно поново истражување кое опфатило и повеќе учесници повозрасни од 65 години. Одлуката за дозвола за користење во ЕУ, регулатоот би требало да ја донесе до крајот на седмицава.