| |

ГДУ-КУМАНОВО: УЛИЦАТА „ТОДЕ МЕНДОЛ“, РАК-РАНА НА СООБРАЌАЈОТ ВО КУМАНОВО

„Улица „Тоде Мендол“, рак-рана на сообраќајот во Куманово. Улица што ги спојува Куманово и селото Романовце е и единствен начин за избегнување на патарината Романовце на автопатот Куманово-Скопје. Се вози брзо, неконтролирано, со загрозување на животот и имотот на луѓето кои живеат во тој дел од Куманово.
Имаше граѓанска иницијатива од граѓаните да се реши проблемот со сообраќајот таму. Бараа да им се постават лежечки полицајци (подигнати платформи), столпчиња за одделување на тротоарите од улицата, поредовни полициски контроли и други применливи начини да се стави сообраќајот во нормала и да не биде ризично по живот секое излегување на улица.

Граѓанско демократска унија Куманово информирана за сите овие настани од страна на загрозените граѓани, сега поставува прашања до локалната власт-До каде сме со мерките што мора да се преземат? Дали имаме проект што и како ќе се работи на терен, за да ги заштитиме нашите граѓани? Имаме ли идеја за реакција или само ќе ги бараме граѓаните на наредните избори да им ветуваме кули и градови?

Локалната самоуправа мора да се грижи за нормално одвивање на сообраќајот во целата општина, а не само во строгиот центар на градот. Оваа тесно грло на сообраќајната мрежа во Куманово мора да биде решено час поскоро. Доста луѓето беа оставени сами на себе, самите да се носат со опасностите кои ги демнат на улица.

ГДУ Куманово бара за почеток да се испочитува петицијата на граѓаните и да се излезе на терен за да се направи сеопфатна анализа и студија. Решение има. Само да се согледа проблемот во целата своја димензија и да се побараат решенија од соодветните стручни служби или пак независни вештаци, кои можат да помогнат. ГДУ Куманово како сервис на граѓаните останува да прати и контролира до каде ќе одат активностите“, се вели во соопштението на ГДУ-Куманово.



Слични Објави