ЈАНЕВА ПОДНЕЛА НОВА ЖАЛБА ЗА УКИНУВАЊЕ НА ПРИТВОРОТ
Во Апелациониот суд во Скопје пристина нова жалба од адвокатите на поранешната специјалната обвинителка Катица Јанева, по одлуката на Кривичниот суд да не се прифати гаранцијата која е понудена за укинување или за замена со куќен притвор, јавува Стандард.
Јанева преку својата aдвокатка Ирена Фрчкоска достави предлог до Кривичниот суд за укинување на притворот, за што како гаранција ги понуди двата стана на синот и ќерката и уште еден стан на член на потесното семејство.
„По разгледување и ценење на предлогот и мислењето од надлежното обвинителство, судија на претходна постапка донесе решение со кое предлогот за укинување на мерката притвор со определена гаранција се отфрла како недозволен, а предлогот за определување мерки за претпазливост се одбива како неоснован“, соопштија од Кривичниот.

