Топалов го победи Каспаров во мечот на легендите во шахот за 2026 г.
Бугарскиот велемајстор и поранешен светски првак во шах Веселин Топалов го победи рускиот велемајстор и поранешен светски првак Гари Каспаров со конечни 16:8 во Мечот на легендите „Clutch Chess: The Legends Chess960“ за 2026 година, објави publika.bg, пренесува БТА.
Топалов доминираше во блиц-партиите, во кои освои 11:1 поени, а со победата заработи вкупно 90.000 долари, вклучувајќи ја главната награда од 70.000 долари. Каспаров заврши втор со вкупна заработка од 54.000 долари.
Решавачка беше 11-тата партија, во која Топалов стигна до 13 поени и математички го обезбеди триумфот пред последниот дуел.
„Се обидувам да бидам практичен. Гари се обидува да ги најде најдобрите потези, но тоа не е практично“, изјави Топалов по победата.

