МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ЏУДО: „ПРИЛЕП ГРАД ХЕРОЈ-2019“ СО ГОЛЕМИ ИМИЊА ОД РЕГИОНОТ
Вчера во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески-Ричко” во Прилеп, во организација на Џудо клубот „СЕИШИН” се одржа 11.Меѓународен турнир во џудо за помлади пионери, пионери и кадети, „Прилеп Град Херој 2019″.
Повеќе од 320 учесници од 35 клубови од Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија беа дел од овој репрезентативен спортски настан, на кој присуствуваа и неколку прославени светски имиња од џудо спортот: Проф.д-р Славко Обадов, Павле Буљчиќ и Чихи Јанош.
Во име на Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски, турнирот за отворен го прогласи претседателот на општинскиот Совет, Миле Талевски. Тој рече дека податокот што првите луѓе на Џудо федерацијата на Република Северна Македонија се прилепчани, зборува сам за себе дека Прилеп е град на џудото, град на спортот.
11.Меѓународен турнир во џудо за помлади пионери, пионери и кадети, „Прилеп Град Херој 2019″, е дел од Програмата на Општина Прилеп за одбележување на 11.Октомври, Денот на народното востание.
Извор: Радио Мрежа Канал 77
