Ајкула брутално нападна маж во Австралија: „Не знаев што да правам, беше ненадејно“
Ајкула нападна маж во Западна Австралија. Откако бил каснат, 77-годишниот Ричард Стабс го удрил животното и истрчал кон брегот оддалечен 50 метри.
Не сфатил веднаш дека го нападнала ајкула, но се исплашил, бидејќи почувствувал дека некое животно го удрило. Му помогнале колегите од локалниот пливачки клуб.
„Навистина не знаев што да правам. Беше ненадејно“, изјави Стабс, кој беше пренесен во болница со повреда на десната нога.
Во западниот дел на Австралија, неодамна се забележани неколку напади на овие морски предатори. На почетокот на неделата, сурферот успеал да исплива 600 метри до брегот и така си го спасил животот откако бил каснат за ногата. Очевидци изјавиле дека изгубил многу крв.