| |

Југозападниот универзитет во Благоевград ја започна академската 2026/2027 година

Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ во Благоевград на 17 септември, официјално ја отвори академската 2026/2027 година со свеченост пред главниот влез на наставниот корпус бр. 1, јавува Пиринско.

Програмата започна во 9:50 часот со положување цвеќе пред споменикот на Неофит Рилски, а официјалното отворање се случи 10 часот локално време.

На свеченоста присуствуваа студенти, професори и вработени во универзитетот, како и родители и гости.

По церемонијата, студентите одржаа средби со раководствата на одделните факултети.



Слични Објави